Се употребува за фасади и како малтер за цокле; за внатрешни ѕидови и плафони, во влажни и ладни простории, за шахти и бетонски ѕидови. За рачно малтерисување 1 вреќа Renofix 20 се меша со 9 литри вода; со машина за малтер Skure-Tech S4 се шприцаат ѕидовите. Површината на ѕидот мора да биде исчистена од прашина, отпадоци и мрснотии. Врз мазните бетонски површини задолжително се употребува градежен лепак Renofix 5 како врзивен малтер. Минималната дебелина е 10 мм. Да не се меша со други материјали. Да се чува на суво. Трајност 6 месеци. Да не се работи под температура од +5°С. Да се придржува до техничкото упатство.

Техничка документација

RENOFIX-20 Безбедносен лист

RENOFIX-20 Изјава за свосјтвата

RENOFIX-20 Технички лист