Политика за квалитет
РЕНОВА се определува, во целост да ја спроведува ПОЛИТИКАТА ЗА КВАЛИТЕТ , која е рамка за воспоставување и прегледување на дефинираните цели за квалитет, а чии основни принципи се:
Задоволувањето на барањата на купецот потполно и во целост е услов за минато, сегашно и идно успешно работење на РЕНОВА .
Стремежот кон светски квалитет го носат способни и стручни кадри за кои квалитетот е работа бр. 1 и се носители на нова култура на работата.
Обезбедувањето на квалитет е задача на секој работник
Квалитетот се планира и се обезбедува на сите нивоа и во сите функции и постојано се преиспитува, која одговара на крајната цел, задоволување на потребите на купецот како приоритет.
Со цел потрошувачите на производите Ренофикс да бидат посигурни, и ние како производител на овие производи,ги употребуваме најсовремените методи на контрола на финалниот производ кои мора да бидат усогласени со ЕН стандардите за градежништво.Ознаката ЦЕ е гаранција за контролиоран производ по строго дефинирани стандарди.
Превенцијата и елиминација на грешки е начин на работа на РЕНОВА кој овозможува на пазарот ,фабриката да настапува конкуренто постојано зголемувајќи го задоволството на купувачите , и поширокото општество.
РЕНОВА во иднина се обврзува да :
Постојано го унапредува своето работење,својот Систем за квалитет севкупно; управување со квалитетот,успешно претворајќи ги барањата на пазарот во препознатливи и ценети производи.
Континуирано го одржува и подобрува Системот за управување со квалитетот, со што ги исполнува барањата од стандардот ИСО 9001:2008, а воедно и ги задоволува барањата на купувачите.
Управувањето со квалитетот значи и успешно управување со сите сегменти на фабриката, подобрување на условите за работа, опремата и занењето на вработените,а посебно води грижа за заштита на животната средина.
15.01.2011 Управител
Want create site? With Free visual composer you can do it easy.
Did you find apk for android? You can find new Free Android Games and apps.