ОСНОВНИ ГИПСЕНО-ВАРОВНИ МАЛТЕРИ
RENOFIX 90 МАЛТЕР ЗА ТЕМЕЛНА ОБРАБОТКА И ФИЛЦУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИ ПОВРШИНИ

Се употребува како основен малтер-филцован малтер за внатрешни ѕидови и тавани. Не се препорачува употреба на влажни површини и како абриб. Една вреќа Renofix 90 се меша со 9-10 литри чиста вода и се нанесува со глетарица. Како машински малтер се шприца со малтерска машина Skure-Tech S-4. Со алуминиумски израмнувач се рамни површи-ната. Мазните бетонски површини претходно се третираат со Renofix 01 бетон контакт. Да се чува на суво. Трајност 3 месеци.

Техничко Упатство Безбедносен Лист Изјава за Својства Покажи ги Сите
RENOFIX 100 МАЛТЕР ЗА МАЛТЕРИСУВАЊЕ И ГЛЕТУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИ ПОВРШИНИ

Се употребува како еднослоен подложен глет малтер и глет маса за фино мазнење за внатрешни ѕидови и плафони. Не се прерпорачува употреба на влажни површини. Една вреќа Renofix 100 се меша со 10-11 литри вода. За машинско малтерисување се шприца со малтерска машина Skure-Tech S4 и со алуминиумски израмнувач се израмнува површината. Да се чува на суво. Трајност 3 месеци.

Техничко Упатство Безбедносен Лист Изјава за Својства Покажи ги Сите
RENOFIX 200 МАСА ЗА ГЛЕТУВАЊЕ НА ВНАТРЕШНИ МАЛТЕРИСАНИ ПОВРШИНИ

Глет маса, за израмнување (глетување) на внатрешни ѕидни површи-ни, претходно малтерисани со основен малтер (гипс, вар, цемент), како и гипс картон плочи. Една вреќа Renofix 200 се меша со 12-13 л. вода и се нанесува со глетарица. Отворено време за работа е 40-50 минути. По обработката со Renofix 200 и пред лепењето тапети или фарбање, ѕидот треба да биде потполно сув. Да се чува на суво место. Трајност 3 месеци.

Техничко Упатство Безбедносен Лист Изјава за Својства Покажи ги Сите
RENOFIX 202 ГЛЕТ МАСА НА ВАРОВНА БАЗА ЗА ИЗРАМНУВАЊЕ

Рафинирана, нехидрофобна глет маса за израмнување (глетување) вна-трешни ѕидни површини, претходно малтерисани со основни малтери (гипс, вар, цемент) и на ѕидови од гипс картон плочи. Една вреќа Renofix 202 се меша со 12-13 литри вода. Материјалот се нанесува со глетарица, се повлекува и глетува. Не се препорачува лепење на плочки врз овој материјал. Пред лепењето тапети или фарбање, ѕидот треба да биде потполно сув. Да се чува на суво место. Трајност 3 месеци.

Техничко Упатство Безбедносен Лист Изјава за Својства Покажи ги Сите
RENOFIX 205 ГЛЕТ МАСА НА ВАРОВНО-ГИПСЕНА БАЗА ЗА МАШИНСКА И РАЧНА ОБРАБОТКА

Рафинирана, водоодбојна смеса за глетување изработена врз варовна база. Наменета е за обработка на внатрешни површини претходно малтерисани со основни малтери или изработени од гипс картон плочи. Содржината на една вреќа се меша со 12-13 л. вода. Не се препорачува лепење на плочки врз овој материјал. Материјалот се нанесува машински или рачно со глетарица, се повлекува и се израмнува. Свежиот малтер да се искористи во рок од 6 часа. Да се чува на суво место. Рок на траење 3 месеци.

Техничко Упатство Безбедносен Лист Изјава за Својства Покажи ги Сите
RENOFIX 220 MАЛТЕР СО ПЕРЛИТ ЗА ОБРАБОТКА НА ВНАТРЕШНИ ПОВРШИНИ

Претставува лесен материјал со перлит базиран на гипс и се користи за израмнување на внатрешни sидови и тавани. Се користи како основен материјал за измазнување на сите површини како што се тула, порозна тула, бетонски блок и груб бетон. Не е погоден за влажни површини. Содржината од една вреќа се меша со 10-11 л. вода. Материјалот се нанесува машински или рачно со глетарица, се повлекува и се израмнува. Да се чува на суво место. Рок на траење 3 месеци.

Техничко Упатство Безбедносен Лист Изјава за Својства Покажи ги Сите

Најважното за Вас, на Прв Поглед:


sqAlbanian