
Пантофли
Производи наменети за домашна употреба. Се произведуваат од природно крзно/велур и крзно/крзно.
Топлите стапала на децата ги прават смирени и среќни каде и да се (дома или пак во детска градинка).
Употребата на овие производи пружа чувство на топлина и удобност.
Произведуваме машки, женски и детски папучи во различни модели, величини и бои.
Нашите модели и бои прават вашиот избор на папучи да биде лесен и во согласност со вашиот вкус и личност.
Одржување: Се препорачува хемиско чистење.
Авто пресвлeки
Овој производ наоѓа примена во автомобилската индустрија.
Ги произведуваме од природна кожа/крзно. Автопресвлеките можат да бидат од парчиња крзно во комбинација со стреч како и од цела кожа/крзно.
Ги изработуваме во различни бои и димензии (за сите видови автомобили).
Поради термичката карактеристика на природното крзно да одржува умерена топлина (во ладно да дава топлина, а во топло да создава услови на умереност т.е удобност) се препорачува да се користи во секое годишно време.
Чувството при возењето го прави удобно, комфорно и пријатно.
Постава TYR форма
Ова е артикал што се произведува од природна кожа со крзно.
Се употребува во чевларската индустрија.
Ја произведуваме во широк спектар на бои, со стандардна висина на крзното.
Крзна и Теписи
Изработуваме теписи од природно високо квалитетно крзно во различни димензии и разновиден дизајн. Поради специфичното својство на крзното употребата на крзнените теписи во Вашиот дом го прави присуството во истиот пријатно, релаксирано и топло.
Крзнена преслека за волан
Производи кои исто така можат да ги задоволат вашите потреби, а се со висок квалитет кои ние ги произведуваме се и крзнени волани. Употребувајќи ги нашите производи чувствувајте се пријатно, комфорно, среќно и повеќе природно.
Медицинско крзно
Ова е производ со многу голем квалитет на крзното и посебна негова обработка, бидејќи е наменето за медицински помагала. Поради термичката карактеристика на природното крзно, се користи за преслеки на инвалидски колички, за појаси со различни димензии на ширина и должина и други помагала со цел за адекватно и подобро рехабилитирање на луѓето на кој им е неопходен таков третман.
Крзнени теписи
Изработуваме теписи од природно високо квалитетно крзно во различни димензии и разновиден дизајн. Поради специфичното својство на крзното употребата на крзнените теписи во вашиот дом
го прави присуството во истиот: пријатно, релаксирано и топло. Одржување: се препорачува хемиско чистење
Х.Т.З. производи
Ова се т.н производи за специјална намена. Најчесто се произведуваат во комбинација крзно со друг вид на матерјал т.е платно (молтопрен платно, церадно платно и др.)
Имаме голем асортиман на овие производи :
- Бунди за различни намени (заштитна техничка, заштитна шоферска, заштитна стражарска во комбинација крзно/молтопрен или церадно платно )
- Заштитни елеци со и без ракави
- Заштитни капи, ракавици за различни намени (тракторски, долги, кратки)
- Заштитни одела: класично работно, фатирано, фармерско и др.
- Заштитни фути од кепер и церадно платно.
Одевни Предмети
Модни женски и машки елеци, шубари, ракавици со еден прст, вреќи за бебиња во комбинација медицинско крзно и платно и многу други артикли кои претставуваат дел од секојдневните потреби на луѓето. Во можност сме да ги произведуваме во различни модели, бои и величини.
ЈАКНИ, ЕЛЕЦИ
КАПИ, ШУБАРИ
РАКАВИЦИ
БЕБЕШКИ ВРЕЌИ