КРАТКА ИСТОРИЈА ЗА РЕНОВА

Home » КРАТКА ИСТОРИЈА ЗА РЕНОВА

РЕНОВА никна во 1992-та година. Во почетокот беше мало услужно трговско претпријатие, но за кратко време ги изгради првите производствени капацитети произведувајќи Ренофикс малтери. Со своите производи, РЕНОВА направи таква стопанска револуција што многу фирми со вековни традиции не го сториле тоа. Ние сме го постигнале тоа благодарение на оданоста и на квалитетот на нашите производи.

РЕНОВА постигна на градот Тетово кој броји 200 000 жители да му даде нова и мошне убава слика. РЕНОВА придонесе да се зголеми интересирањето на многу домашни и странски инвеститори. РЕНОВА започна со пласирањето на производи увезени од Австрија, меѓутоа побарувачката на пазарот постојано се зголемуваше. Тоа придонесе да никне првиот производствен капацитет на готовите малтери Ренофикс.

РЕНОВА нема некоја долга историја на нејзиното постоење, но има долг список на нејзините достигнувања. Во 1997 година почнува со првата фабрика РЕНОВА со седиште во Џепчиште близу до Тетово за производство на Ренофикс на малтери со производствен капацитет од 25–30 тони на час.

Во 1999 година РЕНОВА почнува да ја гради втората фабрика, но овој пат во Гуреза–Косово со два пати поголем производствен капацитет од 40–50 тони на час. Во 2001 година РЕНОВА во Гуреза им ги нуди на клиентите од Косово првите производи Ренофикс со ист квалитет како што се производите во Тетово.

Во 2002 година РЕНОВА го купи најголемиот производител – рудник во регионот на белиот вар “Ново Лепенци” во Качаник – Косово со вкупно 130 стручни работници за производство на вар.

Во 2004 година РЕНОВА го купи рудникот и фабриката за производство на кварц и перлит во Битола–Македонија. Овој производствен капацитет е целосно модернизиран. Погонот за производство на кврц веќе почна со работа, а погонот за производство на перлит наскоро ќе почне со работа. Во истата година РЕНОВА ја купува и најголемата фабрика во регионот за преработка на кожа и крзно. Оваа фабрика стартуваше со работа во Фебруари 2006 со над 100 работници.

Во 2004 година РЕНОВА купи 10 хектари земјиште во Република Албанија за изградба на третата фабрика за производство на Ренофикс малтери. Изградбата на оваа фабрика е вршена според највисоките европски стандарди истата веќе почна со работа.

Во 2005 година РЕНОВА вложува во изградбата на фабриката за производство на поцинкованите ивици-лајсни кои се употребуват во градежништвото. Тие многу ја олеснуваат работата на работниците, ја подигнуваат ефикасноста, прецизноста и брзината на изградба на објектите. Во истата година РЕНОВА ја основа фондацијата за стипендии со истото име. Од ова фондација земаат стипендии 94 студенти и 65 средношколски ученици. Имено, со овој чекор се подразбира дека РЕНОВА не вложува само во фабрики туку и во иднината на народот, помагајќи им на младите да се школуваат во земјата и во странствот за да се добијат идни стручни кадри.

Ова не е се, РЕНОВА е генарален претставник на боите на “Карбон” од Загреб за Македонија. РЕНОВА има капацитет од преку 400 постојани вработени. Бројот на работниците со договор достигнува до 100 работници. РЕНОВА денес може да ја сретнеме во секој дел на Балканот: во Македонија, Грција, Бугарија, Албанија, Косово, Србија и Црна Гора итн. РЕНОВА е најголем донатор на културно – спортските манифестации и на многу други хуманитарни активности.