ФАСАДНА ОБРАБОТКА - СУВИ ДЕКОРАТИВНИ МАЛТЕРИ
Структурален покривен бел малтер (абриб), еколошки со брилијантна бела боја наменет за внатрешни ѕидови и тавански површини. Подлогата од основни малтери мора да биде потполно сува и чиста, а гипс картон плочите добро израмнети (шпаклувани). Една вреќа од 25 кг се меша со 6,3 – 6,7 л. чиста вода. Се нанесува со глетарица и со пердашка се доведува до саканата структура. Дебелината на слојот зависи од гранулацијата. Да се чува на суво. Рок на употреба 6 месеци.
Минерален структурален финален малтер за фасади и внатрешни површини малтерисани со основни малтери и малтери за топлотна изолација. Еколошки производ со бела боја, изработен од хидратизирана вар, бел цемент и бел мермерен песок со различна гранулација. Подлогата мора да биде потполно сува и чиста, добро израмнета (шпаклувана). Една вреќа од 25 кг се меша со 6,3-6,7 л. вода. Дебелината на слојот зависи од гранулацијата. Да се чува на суво. Рок на употреба 6 месеци.
Минерален, современ градежен материјал со висок квалитет, структурален финален малтер за фасади и внатрешни површини. Претходно малтерисани со основни малтери или обложени со стиропор и обработени по систем за термичка изолација. Еколошки производ со брилијантно бела боја, изработен од хидратизирана вар, бел цемент и бел мермерен песок со различна гранулација. Една вреќа од 25 кг се меша со 6,3-6,7 л. чиста вода, материјалот треба да биде без грутки. По времетраење од 10 мин, материјалот уште еднаш да се промеша. Подлогата мора да биде потполно сува и чиста, добро израмнета (шпаклувана) со Renofix 50 Weiss / Renofix 18 Дебелината на слојот зависи од гранулацијата. Да се чува на суво. Рок на употреба 6 месеци.
Современ градежен материјал со висок квалитет, завршен финален малтер со фина структура за фасади и внатрешни површини. Поседува свосјтва на висока паропрпоусност, еколошки производ, пигментиран со чиста јасна боја, изработен од хидратизирана вар, бел цемент и бел мермерен песок. Една вреќа од 25 кг се меша со 6,3-6,7 л. чиста вода. материјалот треба да биде без грутки. По времетраење од 10 мин, материјалот уште еднаш да се промеша. Подлогата мора да биде потполно сува и чиста, добро израмнета (шпаклувана) со Renofix 50 Weiss / Renofix 18. Да се чува на суво. Рок на употреба 6 месеци.