Организација за нашите соработници по повод крајот на годината

Организација за нашите соработници по повод крајот на годината
Компанијата РЕНОВА во хотел Меркур-Тетово организираше дочек со своите соработници, со што заврши успешна година.
Во оваа организација беше претставена успешната историја, новите производи и иновативни решенија на компанијата РЕНОВА.
На присутните им се обрати директорот на компанијата Шефки Идризи кој им ја честиташе новата година и им посака многу успех во наредната година.
„Благодарение на вас и вашата соработка и доверба во нас, оваа година имаме пораст од над 20% во продажбата на производите во 2023 година.” изјави Идризи.
Во оваа организација присуствуваа претседателот на Стопанска Комора на Северно-Западна Македонија, Менди Ќира, колеги и клиенти на компанијата, професори, градежници и архитекти.