ФАСАДНИ БОИ, ГЛЕТ МАСА
Универзална фасадна боја со одлична покривна моќ, изработена врз база на акрилна дисперзија во комбинација со квалитетни полнила и пигменти. Наменета за бојадисување на сите минерални подлоги, лесна за употреба, паропропусна, поседува одлична отпорност на временските услови и абење, може да се тонира во голема разновидност на бои. Да се чува на суво и да се заштити од смрзнување. Рок на употреба 18 месеци од датумот означен во оргинална амбалажа.
Висококвалитетна фасадна боја базирана на силиконска дисперзија со додавање на бисерни агенси, наменета за внатрешни и надворешни поршини. Се карактеризира со високо ниво на паропропусност, одлична адхезија, водоотпорност и заштита од алги и габи. Лесна е за обработка, еколошка, погодна е за широк спектар на подлоги, како што се бетонски и цементни површини, минерални малтери и малтерисана топлинска изолација. Да се чува на суво и да се заштити од смрзнување. Рок на употреба 18 месеци од датумот означен во оргинална амбалажа.
Технички напреден производ изработена врз силикатна база – силиконска и акрилна дисперзија. Наменета за надворешни и внатрешни површини, паропропусна, посебно одбојна на нечистотии, со одлични хидрофобни својства, обезбедува оптимална заштита од атмосферските влијанија. Благодарение на високата еластичност и одличната адхезија на површината, претставува идеален завршен слој за надворешни системи за топлинска изолација. Да се чува на суво и да се заштити од смрзнување. Рок на употреба 12 месеци од датумот означен во оргинална амбалажа.
Висококвалитетна водоодбојна глет маса со високи перформанси за професионална примена на внатрешни ѕидови, претходно малтерисани со основни малтери, мазни бетонски подлоги како и за гипс-картон плочи. Може да се обработува со сите вообичаени пумпи, поседува многу голема моќ на пополнување и лесна е за брусење. По комплетнто сушење подлогата е подготвена за фарбање, или лепење на тапети. Да се чува на суво и да се заштити од смрзнување. Рок на траење 3 месеци од датумот означен во оргинална амбалажа.
Ентериерна боја со мирис на “ружа “заснована на висококвалитетни пигменти и врзива, нуди одлично покривање на површината. Произведена со напредна технологија, се користи за декоративна заштита на повеќе изложени внатрешни sидови и тавани. Поседува одлична паропропусност, отпорна на влажно чистење со крпа натопена во раствор на универзални препарати за домаќинство. Свилен, длабок, мат изглед, достапна во широк спектар на нијанси на бои. Да се чува на суво и да се заштити од смрзнување. Рок на употреба 18 месеци од датумот означен во оргинална амбалажа.
Висококвалитетна бела боја со мирис на “магнолија” наменета за внатрешни ѕидови и тавани во „суви“ простории. Производ со извонредна моќ на покривање и супериорна белина. Погодна е за за “прво варосување” на сите минерални подлоги изложени на помали оптеретувања, заштедува на време и труд. Површините мора да бидат чисти и суви, а старите бои мора да се истружат и да се отстранат. Пукнатините на ѕидот да се китираат. Да се чува на суво и да се заштити од смрзнување. Рок на употреба 18 месеци од датумот означен во оргинална амбалажа.
Висококвалитетна, технолошки напредна боја со мирис на “кокос” создадена да им даде на вашите sидови одличен сјај и да создаде чист, уреден простор. Извонредно издржлива, паропропусна боја наменета е за варосување на sидови и тавани во „суви“ простории, како што се дневни соби, трпезарии, спални соби, ходници, канцеларии и простории за конференции. Да се чува на суво и да се заштити од смрзнување. Рок на употреба 18 месеци од датумот означен во оргинална амбалажа.
Ароматизирана боја со мирис на ЈАБОЛКО наменета за внатрешни ѕидови и таваници. Составена од полимерна дисперзија, пигменти, полнила и други додатоци, лесно се нанесува и има добра покривна моќ. Паропропусна, отпорна на суво триење, погодна за сите типови суви и тврди подлоги, фино малтерисани површини, бетон, гипс картон плочи и др. Лесна за примена, а нејзината арома на јаболко ќе внесе и дополнителна свежина на просториите. Да се чува на суво и да се заштити од смрзнување. Рок на употреба 18 месеци од датумот означен во оргинална амбалажа.
RenoColor Perfect Finish претставува високо квалитетна дисперзивна боја во пријатни и интензивни нијанси, изработена врз база на винилни ко-полимери. лесни постојани пигменти, полнила и други соединенија. Наменета за внатрешни и надворешни површини. Бојата се карактеризира со нагласена пигментација и висока и трајност на нијансите.
PERFECT FINISH се состои од 9 различни основни пигментирани бои и 36 нијанси на боите*.
